Пронајдени над 150 стебла „канабис сатива“ во нива сопственост на 75-годишник

Полицијата пронајде над 150 стебла „канабис сатива“ во нива сопственост 75-годишник од Лешок. Стеблата биле искорнати и уништени.

– Полициски службеници од СВР Тетово вчера околу 16 часот и 30 минути на нива во атарот на тетовското село Лешок, во месноста „Гладница“, сопственост на 75-годишниот С.Б. од ова село, пронашле над 150 стебла „канабис сатива“. Извршен е увид, неколку од стеблата се подигнати за вештачење, а другите се искорнати и уништени, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестХеројскиот чин нема да се заборави, откриено спомен-обележје на загинатиот полицаец Игор Драганов
Следна вестПреквалификација на делото на почеток го врати судењето на Мухамед Зеќири