Пронајдено 15-годишното девојче од Велес, по кое се трагало од февруари

Полицијата го пронашла 15-годишното девојче од Велес по кое се трагало уште од февруари годинава.

-На 16.12.2023 во 14.00 часот, полициски службеници од ЕВР Гази Баба – Отсек потраги ја пронашле А.Д.(15) од Велес за која на 15.02.2023 беше пријавено дека се оддалечила од СОС – Детско село, соопшти МВР.

Лицето било предадено во установата.

Претходна вестЈакимовски: Лага се изговорите на ВМРО-ДПМНЕ дека се против деталните урбанистички планови каде ќе се прават згради
Следна вестИзбори во Србија: Вучиќ прогласи победа на СНС, опозицијата обвинува за изборна кражба