Семејството го идентификува безживотното тело на Ердон Рамадани, следува и обдукција

Ердон Рамадани, 22-годишник од Куманово по кого се трагаше во изминативе денови откако со автомобил падна во Вардар кај Желино, е лицето чиешто беживотно тело денеска е извадено од реката. Неговото безживотно тело го идентифукуваа членовите на неговото семејство а по ова ќе следува и обдукција за да се утврди од што точно починал. Рамадани на 27 септември со автомобил „фолксваген голф“ излета од автопатот во реката Вардар од мост кај селото Желино.

-По наоѓање на телото, извршена е идентификација од најблиските членови на семејството на Е.Р. . Извршен е преглед од лекар од Судска медицина, додека Јавен обвинител наредил обдукција на телото, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По петдневна потрага телото беше најдено утринава од страна на полицајци од СВР Тетово во водите на реката Вардар кај бетонски мост во близина на касарната Еребино.

Претходна вестПорака од прв Национален средношколски самит: Не е пријатно да се учи од стари учебници или да бидете спречени да учите
Следна вестЛефков: Аферата „Броило“ е шема која покажува како Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра