Пронајдено телото на жената што се фрли во Вардар кај Велес

Пронајдено женско тело во Вардар кај Велес. Имено, Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска полициски специјалци од МВР го пронашле телото на жената која на новогодишната ноќ се фрлила во водите на Вардар.

– Регионалниот ЦУК Велес информира дека од Полицијата – СВР Велес добиле информација дека во 12:20 часот денеска во близина на мостот кај село Кочилари од страна на полициските специјалци од МВР е пронајдено телото на женското лицето кое на 31.12.2022 година (половина час по полноќ) се фрли во водите на реката Вардар од Мало Мовче во централното градско подрачје во Велес, информираат од ЦУК

Како што соопштуваат од ЦУК, телото е извлечено од реката и се чека екипа од СВР Велес за увид на лице место, по што ќе следи процедура за потврда на состојба од лекар и од јавен обвинител.
Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Тоа од кое што други би се срамеле, Ковачевски го прикажува како енергетски успех
Следна вестПоради густата магла откажани 9 лета на скопскиот аеродром