Прописите се „газат“ и во недела: 56 возачи возеле пребрзо, 17 без дозвола, 10 биле пијани…

Последниот ден од викендот не донесе намалување на бројот на сообраќајните прекршоци што ги прават возачите. Напротив, се чини дека имало и зголемување. Непочитувањето на ограничувањето на брзината на 50 километри на час и натаму бил најчест прекршок.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкција, соопшти денеска МВР.

Имало и 17 мерки за возење без возачка дозвола и 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се наведува во информацијата.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестЦените на нафтата паднаа четврта недела по ред, стасаа до 70 долари за барел
Следна вестПали Колефски реизбран за градоначалник на Пустец