Проруските власти во Луганск, Запорожје и Херсон тврдат дека успеал референдумот за спојување со Русија

Победа на референдумот за спојување со Русија прогласија претставници на властите во три региони во Украина каде во зиминативе денови се вршеше граѓанското изјаснување. Локалното гласачко тело во јужниот регион Запорожје соопшти дека 93,11 отсто од гласачите се одлучиле за руско припојување по пребројувањето на сите гласачки ливчиња. Во Херсон властите соопштија дека 87,05 отсто од гласачите се одлучиле за припојување кон Русија откако завршило пребројувањето на гласовите. Во источниот регион Луганск кој го контролираат проруски сили, преброени се 91,2 отсто од гласовите, а над 98 отсто се за припојување кон Русија. Се чекаат и резултатите од гласањето во регионот на Доњецк.

Лидерот на самопрогласената Народна Република Луганск напиша на социјалната мрежа Телеграм дека е „јасно“ дека Луганск ќе се врати „во рускиот скут“.

Обединетите нации во меѓувреме соопштија дека се посветени на „украинскиот територијален интегритет во рамки на признатите граници“.

Градоначалникот на Мариупол Вадим Бошенко, кој го напушти пристанишниот град откако Русите го зазедоа по повеќемесечната опсада, кажа дека само околу 20 отсто од околу 100.000 преостанати жители гласале на референдумот во Доњецк.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во синиќешното обраќање ги осуди референдумите кои проруските власти ги организираа во доминантно руските и рускојазични региони на југоистокот од Украина, нарекувајќи ги фарса и изјави дека Киев ќе ги „брани своите луѓе кои живеат под окупација“.

-Оваа фарса на окупираните подрачја не може да се нарече ниту имитација на референдум, изјави Зеленски.

 

Претходна вестКазни за 182 возачи, 20 возеле без дозвола, 10 поминале на црвено…
Следна вестЌе прават ли склекови кандидатите за војници во АРМ пред штабот на СДСМ во Арачиново?