Прошишал низ ресторан и со колата завршил на покрив на воденица

На покривот од воденицата што се наоѓала покрај регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица завршило вчера попладне патничкото возило „Фолксваген“, соопшти полицијата. Во информацијата се наведува дека несреќата се случила на влезот во Македонска Каменица при што со возилото управувало едно машко лице.

Возилото претходно уништило дел од отворен простор на угостителски објект, соборило столб од системот за улично осветлување и слетало врз покривот од друг објект.

На местото на настанот извршен е увид од екипа од Полициското одделение во Македонска Каменица и МВР Делчево, од каде се најавени дополнителни информации за причините и останатите детали за несреќата.

Фото: Фејсбук

Претходна вестЗнае ли дождот да нареди плочки на Кејот кај ГТЦ?
Следна вестМногу пари се дадоа за акции во „Скопски пазар“, ќе се плати ли и за подобрување на пазарите?