Темно Режим Светло Режим

Протест на Конфередерацијата на синдикати: 30 години се игнорираат правата на работниците

Конфедерацијата на синдикални организации денеска заедно со Независниот синдикат на полицијата одржаа протест, кој започна како поворка од автомобили кои минаа низ центарот на Скопје и завршија пред Владата.

-Не случајно го одбравме овој датум, сите знаеме што значи 30 години независност и тоа е свечен момент. Не можам да сфатам како после 30 години работникот е доведен до овој степен. Затоа од овде праќаме апел и ќе пратиме уште еден допис да бидеме примени од премиерот и само со него сакаме да разговараме и да ги образложиме нашите ставови, порачаа од протестот.

Доколку бидат игнорирани ќе донесат и други мерки за делување, без разлика што е предизборие, се заканија од Конфедерацијата.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Џабе е независноста, кога дозволуваме цело време да ни ја поткопуваат

Следниот Пост

Претседателот и пратениците во првото Собрание одликувани со ордени „8 Септември“