Протест на вработените од „Колска“, блокирана пругата Скопје-Гевгелија кај Велес

Вработените во фабриката за шински возила „Велес“ поточно „Колска“ од рано изутрина  протестираат на железничката станица Велес изразувајќи незадоволство од нерешавањето на нивните проблеми. Тие го блокираа одвивањето на железничкиот сообраќај на патните правци од Скопје кон Гевгелија и Битола .

На протестот најавено е присуство на претставници од Сојузот на синдикати на Македонија, во чиј состав е и синдикалната организација на „Колска“.

– Другите облици на изразување на работничкото незадоволство поврзани со барањата од генералниот штрајк, барањата на работниците и штрајкувачите во наредниот период ќе бидат се поизразени, стои во објавата на Сојузот на синдикати на „Фејсбук“.

Вработените од велешка „Колска“ протестираа и во изминативе години поради неисплатените плати и други проблеми во оваа државна фирма. Велешката фабрика која ги сервисира вагоните на железници со години има проблеми со ликвидноста. Долг период наназад не се плаќал ниту ДДВ кон државата, за да има за плати. Ниските цени по кои ги поправаат вагоните се една од причините за проблемите во „Колска“.

Фото: Принскрин

Претходна вестДиректорот на Управата за финансиска полиција Муареми доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба, насилство и малтретирање
Следна вест39 пешаци во Скопје стасале до казни