Протест во Гази Баба, не го прифаќаат Центарот за зависници, бараат референдум

Протест на жителите на Гази Баба поради најавената дислокација на центарот за зависници од Кисела Вода во просториите на фабриката МЗТ. Денеска граѓаните во знак на протест ја блокираа главната улица Перо Наков и побараа градоначалникот да распише референдум, а за тоа, како што рекоа, ќе му биде доставена петиција со потписи од жители на Гази Баба.
-Не сме против изградба на ваков центар, но тоа треба да го направат на изолирано место, а не среде населено место каде што има градинки и училишта, истакнуваа протестантите.
Инаку, Центарот за зависници сега е сместен во Кисела Вода, но и тамошните жители протестираа барајќи негова дислокација.
Учесниците на протестот побараа оставка од градоначалникот.