Протестирам што Шилегов и Владата не го штитат Водно

Не можам да не реагирам на уништувањето на Водно од страна на државни фирми. Помалку би ми било болно да го прават тоа уништување некои безобразници на кои воопшто не им е важно дали планината се соголи, но болно е кога тоа го прават фирми кои сите ги плаќаме. Бездушно уништуваат се, не се гледаат закони и прописи!

Повод да го напишам ова протесно писмо е и тоа што градоначалникот Шилегов не мрдна со мал прст за да го заштити просторот кој е „белите дробови“ на Скопје. Се уништува шумата на потегот Бел камен па до бункерите. За тоа никој не покажува никакво решение и слично.

Чист воздух и ладно ветре во Скопје доаѓа од Водно и Скопска Црна Гора. Луѓето – нелуѓе сето тоа сакаат да го уништат. Водно и се пренасели, се гради се повисоко и повисоко. Инспекции нема, инспекциите се на друго место.

Протестирам против незаинтересираноста да се заштити Водно. Пред се тоа треба да го прават Шилегов и Владата.

Трајко Јаневски

Почитувани,
Преку рубриката „СКОПЈЕ КОМЕНТИРА” можете да испратите пораки до скопските градоначалници или други функционери за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: skopskoeho @yahoo.com.Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а сите на порталот skopskoeho.mk.