Протестирам за да не бидам избркан од Македонија

Пред владината зграда во Скопје само што заврши сенародниот протест на кој илјадници граѓани негодуваат на намерата на Владата на СДСМ и ДУИ да го потпише францускиот предлог за тоа како тие планираат Македонија да добие датум за преговори со ЕУ. Многумина од присутните на големиот собир носат транспарент на кон е напишано – НЕ.

-Многу работи се за да се каже НЕ. Но овој пат кажувам НЕ за прифатената бугаризација на мојот македонски род. Власта да не помислува да нанесе таков удар на Македонија, ни истакна средовечен човек кој рече дека е од Велес и бил подготвен ако треба уште да протестира.

Видливо беше и присутво на млади луѓе. Еден од нив ни посочи:

-Протестирам затоа што не сакам да бидам избркан од Македонија. Политичарите од власта прават таква ситуација во земјата што Македонецот полека ќе стане вишок, непотребен, особено ако не сака да се асимилира во анационална личност. Така, индиректно, ги бркаат гордите луѓе од сопствениот дом и држава. Затоа дојдов на тоа да кажам – НЕ, ни истакна студент на УКИМ, додавајќи дека очекува и професори и декани да дигнат глас.

Покрај сериозните забелешки кон македонската власт, граѓаните негодуваат и за двојните стандарди на ЕУ, како и за: „многу години од Брисел не лажат и ја злоупотребуваат нашата кроткост“.

Инаку, сенародниот протест доби поддршка од повеќе политички партии и граѓански организации.

Претходна вестМицкоски: Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме
Следна вестДенес е Св. Наум Охридски – исцелител и просветител на македонскиот народ