Home АКТУЕЛНО Матичните протестираа, од Министерство им порачаа да се стрпат се ќе се реши

Матичните протестираа, од Министерство им порачаа да се стрпат се ќе се реши

0
Матичните протестираа, од Министерство им порачаа да се стрпат се ќе се реши

Со ултиматиуми и со датуми не се постигнува ништо. Ова е ставот на заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски во врска со денешниот протест на матичните лекари откако договореното од пред две недели не се оствари.

Рендевски вели дека наскоро се очекува да почнат со работа веќе формираните работните групи за подобрување на состојбите во примарното здравство. Изутринава имале состанок со приватните стоматолози специјалисти и дека уште од нивна страна требало да се доинкорпорираат членови во тимовите за преговорите да одат синхронизирано.

– Се надевам за неколку дена до недела дена би требало првите разговори да ги започнеме. Голем дел од барањата навистина се издржани и лесно применливи. Одредени работи кои се во поглед на финансирањето навистина ќе се најде модус како на оние најзагрозени медицински тимови да се помогне некако и финансиски, така што верувам дека навистина ќе има решение и самите колеги ќе се задоволни и квалитетот на здравствена заштита да се подигне, да имаат благодет и самите пациенти, изјави Рендевски.

Вчера разговарал и со претседателката на Здружението на приватни лекари, д-р Лилија Чолакова Дервишова, а за денешниот протест на матичните лекари рече дека ги разбира наталожените проблеми, меѓутоа со ултиматиуми и со датуми не се постигнува ништо.