Проверен е квалитетот на водата на 56 места низ Скопје

Скопјани пијат квалитетна вода. Ова го покажувале добиените резултати од испитувањата на ЈП „Водовод и канализација“, објавени во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

-Резултатите се добиени со физичко-хемиска и микробиолошка анализа на 899 примероци на вода за пиење земени од страна на Секторот за санитарна контрола од 56 мерни места во град Скопје, во периодот од 29 јуни до 3 јули, соопшти ЈП „Водовод и канализација“.

Во соопштението се наведува дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18). Анализите на водата се спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој всушност е прва лабораторија во Македонија која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Претходна вестОвчар загина од удар на гром во светиниколско
Следна вестСо што ги прскаа комарците за вака многу да ги има и силно да касаат?