Темен режим Режим на светлина

Прв ден: Околу 180 лица денеска ќе примат „Спутник В“

Во поликлиниката „Јане Сандански“ каде денеска започна вакцинацијата со руската вакцина „Спутник В“ до попладнево се вакцинирани 116 лица, а до крајот на денот, до 20 часот се очекува бројка е 180.

Овие дози руска вакцина пристигнаа во земјата во неделата, и се првите 3.000 дози однајавените 100.000 кои земјава ги нарача.

Како што соопштија од Министерството за здравство, вакцинацијата се одвива и во поликлиниката „Букурешт“, но се работи за ревакцинација со дозите од „Фајзер“ кои ги добивме од Србија.

И во обете клиникии се уште се вакцинира здравствениот персонал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Само 328 лица од Македонија се пријавиле за гласање на изборите во Бугарија

Следна објава

Захариева се зарази со корона вирус