Прв концерт на лица со Даунов синдром, вечерва во Центар

За прв пат во земјава, денеска се одржува концерт на лица со Даунов синдром, организиран во рамките на Првиот Инклузивен градски хор, при Здружението „ТРИСОМИЈА 21“.

Целта на овој јавен настап е пред се да се покаже дека ваков тип на манифестирање на културата може да биде алатка за интеграција во општеството, социјализација и подобрување на животот на лицата со Даунов синдроми.

Дел од хорот се Марио, Стефан, Ена, Матеј, Филип, Илини, Оли, Бети, Ники, Даре и Коста под водство на Билјана Димитрова. Концертот почнува во 18:30 часот на Плочник – Градски ѕид, потегот околу Соборен храм, позади Клуб на новинари.

Претходна вестЌе останеме ли во мрак и студ оваа зима?
Следна вестЈунајтед Груп лансира EON TV платформа во Грција