Прва Скопска ТВ: Алармот вришти, премногу жртви има на македонските патишта

80

Македонските патишта пречесто се сведоци на тешки сообраќајни несреќи во кои има човечки жртви. За жал и оваа недела ситуацијата не е подобра. Вчера на експресниот пат Штип – Кочани загина едно лице, а 4 завршија во болница. Завчера на магистралниот пат Кичево-Охрид, над селото Попоец исто така загина едно лице.
Сето ова алармира и повикува на поголема будност кај учесниците во сообраќајот. Од МВР велат дека се постојано на терен. Само во периодот од првите 5 дена од овој месец на патиштата низ Македонија напишале вкупно 2.267 казни. Дури 514 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Биле дури и лишени од слобода за безобѕирно управување на возило 22 лица, од кои 18 за возење под дејство на алкохол, четворица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.
Полицијата треба да продолжи во вакво темпо, можеби и да го засили присуството на улиците и казнувањето, но секако и возачите треба да се однесуваат поодговорно, оти премногу има жртви на македонските патишта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестОвие избори за некого се борба за спас на политичката кариера, за нас се битка за подобра реалност, кажа Мицкоски
Следна вестВремето денес сончево со мала до умерена локална облачност и ветер