Апсење од Финансиската полиција во Битола. Прва Скопска ТВ дознава дека инспекторите го привеле сопственикот на Компанија Марковски.
Неофицијално дознаваме дека во моментов се приведуваат и директори од РЕК Битола. Тие се осомничени наместен тендер во износ од околу 100.000.000 денари, кои се испумпани од државниот буџет.
Инаку, низ медиумите порано оваа компанија беше посочувана за една од најблиските на минатата влада.
Тогаш беше споменувано дека таа фирма заработува по над 60 илјади евра на ден за ангажирани само 10 булдожери во РЕК Битола.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



