Прва Скопска ТВ: Уште се чека Али Ахмети да се појави во јавноста по изборите

17
али-ахмети

Лидерите на поголемите партии во Македонија по локалните избори неколкупати излегоа во јавноста, дава објаснувања за резултатите, и кажуваа најави за следниот период. Но, и по три дена во јавноста го нема Али Ахмети, претседателот на ДУИ.
Зошто го нема лидерот од Мала Речица е често поставувано прашање во политичките кругови, но и во јавноста. Дали се уште ги сумира резултатите? Дали е зафатен со осмислување на кампањата за вториот изборен круг особено откако се покажа дека неговата тактика од првиот круг да наметне етноцентрични теми наместо локални се покажа како недоволно привлечна за гласачите?
Наскоро оваа дилема ќе биде разрешена.
Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по првиот изборен круг изјави: „Темата ДУИ се затвори денеска и не треба да дозволуваме таа да биде присутна повеќе во јавноста. Темата за предвремени парламентарни избори веќе сум ја одговарал неколку пати. Кога ги одговарав тие прашања во минатото знаев дека ќе се случи ова што се случи и знаев дека таквиот тип на политика од пред четири, пет децении од минатиот век дека ќе биде поразена на овие избори и бев во право. И затоа кажував дека ДУИ и Али Ахмети ќе бидат непријатно изненадени денеска, и очигледно дека се непријатно изненадени,“ истакна Мицковски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЃорѓиевски: Скопје добива стабилно советничко мнозинство и јасен план за развој
Следна вестЕксплозија на цистерна со гориво во Нигерија, 35 загинати