Првезувал 23 мигранти во „мерцедес вито“, пред него возел автомобил како претходница

На регионален пат во гевгелиско бил уапсен жител на Сингелиќ бидејќи во неговото возило биле пронајдени мигранти од Пакистан и Сирија. Биле уапсени и две други лица од Богданци бидејќи биле претходница на возилото со мигранти, односно проверувале дали има полиција.

– Денеска околу 07.00 часот на регионалниот пат во близина на Гевгелија, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Б.А.(23) од Сингелиќ, скопско, затоа што при преглед во возилото со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 23 лица мигранти, од кои 17 од Пакистан и шест од Сирија.

Од слобода биле лишени и Д.С.(32) и Д.П.(36), двајцата од Богданци, поради постоење основано сомнение дека со возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., биле претходница на возилото „мерцедес“, информираат од МВР.

Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходна вестИзбрани нови обвинители, меѓу нив и синот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази
Следна вестАцо Шопов во литературното списание „Апулеј”, од Париз