Скопјанец е приведен откако ја претепал девојката, а потоа со нож и се заканувал, соопшти полицијата.
Се наведува дека на 31.10.2023 во 05.55 часот во скопско, полициски службеници го лишиле од слобода А.Е.(24) од Скопје затоа што околу 03.00 часот физички ја нападнал и со остар предмет упатувал закани на неговата 24 – годишна поранешна партнерка.
-По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.