Гостиварец бил повикан на разговор во полициска станица откако вчера се однесувал агресивно во гостиварската Општа болница.
– Вчера околу 15 часот, во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р. (78) од гостиварското село Сенокосе. Жената за кусо време починала на Интерното одделение. Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена на одделението и агресивно се однесувал. Б.Р. почнал да удира по инвентарот во внатрешноста на просториите, соопшти СВР Тетово.
Настанот бил пријавен во полициска станица по што увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека во тек е расчистување на случајот и се преземаат мерки за негово расчистување.