Првото бебе во 2024 година е машко, се роди точно на полноќ

61

Точно на полноќ се роди првото бебе за оваа година на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Бебето е машко, тежи 3.760 грама, а долго е 52 сантиметри.

Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство објавија дека 34-годишната Наташа Стефковска од Скопје го родила бебето по природен пат.

Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родиле три бебиња.

Претходна вестПетар Поп Арсов ја разобличуваше бугарската егзархија, го пишуваше првиот Устав на Македонската револуционерна организација…
Следна вестВремето денес сончево и магливо