Пуцко Петрол: Категорично отфрламе било каква вмешаност со набавката на мазут

Од компанијата „Пуцко петрол“ попладнево испратија соопштение во кое категорично отфрлаат било каква вмешаност со набавката на мазут.

-Името на нашата компанија непотребно се споменува во целиот случај, претставувајќи го Пуцко Петрол како увозник на мазут и добавувач на мазут на ЕСМ, што категорично го демантираме.

Нападот врз Пуцко Петрол, го сметаме за тенденциозен обид за нарушување на угледот на компанијата и семејството. Категорично отфрламе било каква вмешаност со набавката на мазут и достава на истиот до ЕСМ. Никогаш не сме увезуале Мазут и доставувале до ЕСМ. Низ годините сме докажана нафтена компанија, која соработувала со илјадници приватни и државни институции, реализирајќи ги нивните барања во целост, согласно законот, при што во моментот долгот на јавните установи према Пуцко Петрол надминува една милијарда денари.

Пуцко Петрол не е дел од никаква постапка за мазут која се води за РКМ.

Ги молиме медиумите да пласираат точни и проверени информации, затоа што со овие дезинформации се нарушува угледот и реномето на компанијата со што се прават и се до сега веќе направени штети од големи размери и се прави искривување на вистината и фактичката состојба, велат од компанијата.

Претходна вестЈа снимал 15 годишната девојка додека имале сексуален однос, кога сакала да му раскине и се заканувал
Следна вестТрендафилов: Владата не остави „да се тепаме“ со работодавачите