Пукал со пиштол среде бел ден во Топанско поле, ќе го најде ли полицијата?

173

Пукање од пиштол сред бел ден се случило деновиве во скопската населба Топанско поле од страна на се уште непознато лице. Овој чин е забележан на социјалната мрежа „Тик Ток“, а се споделува и на други социјални мрежи. На снимката се забележува моментоt кога лицето вооружено со пиштол се оддалечува од група луѓе кои се собрани и се дружат и почнува да пука. Тој испалил повеќе истрели во воздух иако околу него има повеќе згради и опасност некој да биде повреден. Во групата има дури и дете во количка.

До денеска МВР не соопшти дали го открило идентитетот и дали го привело лице кое го прави ова недозволиво и опасно дејствие. 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестАрсовски: 19-годишно дете ќе го вози Шилегов во нов и скап „Пасат“
Следна вестГрад Скопје: Лага е тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека 19-годишен возач ќе го вози Шилегов