Пукал во братот поради расправија за фирмата

На 16.11.2022 околу 14:40 часот во с.Студеничани, Скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода А.М.(41) од с.Студеничани, затоа што околу 14:30 часот во магацинскиот простор од семејната фирма лоциран во с.Студеничани, Скопско, по претходна расправија поради нерасчистени имотно-правни односи околу фирмата, од пиштол испукал еден куршум кон неговиот брат А.М.(39) од с.Цветово, Скопско, и му нанел телесна повреда.

По целосно документирање случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСтуденти од сите универзитети маршираа за своите права
Следна вестСамо нерешено против Финска во Скопје