Пукање на улица во Чаир, полицијата пронашла чаури

Се пукало утрово во Чаир. Имено, истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите па набргу го пријавиле инцидентот во полиција.

Полициски службеници излегле на терен, потврдуваат од МВР, и тие на местото на настанот пронашле чаури од испукани куршуми.

-Денес по 10 часот било пријавено дека на улицата „Џон Кенеди“ се слушнало пукање од огнено оружје. По пријавата е излезено на местото на настанот, но не се пронајдени лица, а пронајдени се само четири чаури, соопштуваат од МВР, пренесува Макфакс.

Претходна вестФилипче: До крајот на неделава очекуваме подобра слика за состојбата со Ковид-19
Следна вестОхриѓани ставете маски, стигнаа скопјани од Ковид 19-главниот град!