Пукање во Париз, двајца мртви, неколкумина ранети

Две лица загинаа и четворица се ранети во централниот дел од Париз откако во нив пукал човек на возраст од околу 60-на години, пренесуваат француските медиуми. Полицијата успеала да го пронајде оружјето со кое е извршено убиството и да го уапси напаѓачот.

Засега не се познати мотивите за нападот. Полицијата ги повика жителите на тој дел од Париз да ја избегнуваат таа област за движење.

Полицијата ја блокирала целата населба и ги повика жителите да ја избегнат таа населба.

Претходна вестПријава до МВР поради рушењето на објектот „Шар“во Скопска чаршија
Следна вестДобро е, засадени се 40.000 садници, ќе има ли уште?