Пукање во Прага, има загинати

Чешката полиција објави дека има убиени и ранети во пукање во центарот на Прага. Инцидентот се случил на Факултетот за уметности сместен на плоштадот Јан Палах.

Властите кажаа дека плоштадот и околната област се затворени.

– Напаѓачот е елиминиран. Целата зграда е евакуирана. Има неколкумина мртви и десетици повредени, објави полицијата на социјалната мрежа Икс.

Претходна вестСингапур и Цирих се најскапите градови во светот
Следна вестАрсовска тврди дека за украсувањето имало јавен повик