Пукање во Приштина, застрелал три лица со калашников, оружјето го сокрил во корпа за отпадоци

Косовската полиција уапси маж во Приштина под сомнение дека пукал со калашников во автомобил во кој се наоѓале три лица, јавува „Национале“. Според полицијата, по пукањето, осомничениот го сокрил оружјето во корпа за отпадоци, кое полицијата го пронашла и го одземала.

– Уапсен е осомничен маж поради сомнение дека фрлил огнено оружје АК-47 во корпа за отпадоци, со кое наводно пукал во автомобил во кој биле внатре три лица. Полициските единици го заплениле оружјето и 27 куршуми, додека оштетениот автомобил бил однесен за преглед. Во полициската станица се идентификувани тројца мажи за кои постои сомневање дека биле во автомобилот во моментот на пукањето, се вели во соопштението на косовската полиција.

Како што се додава, осомничениот по рочиштето е приведен.

Претходна вестТетовец и неговата сопруга го претепале соседот
Следна вестГранични полицајци завршија во Шутка, примиле поткуп за да пропуштат возило без зелен картон