Често пукаат важни водоводни цевки: урбанистичкото дивеење си го зема данокот?

Ф300 -водоводна цевка пукнала во близина на Министерството за надворешни работи, вчера вечер. Заради опасност од хаварија на улицата, екипи на Водовод и канализација и Улици и патишта експресно излегеле да ја санираат. Ваков статус со фотографии и снимки од местото на настанот објави синоќа скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

-Дефект на водоводна цевка Ф 300 во непосредна близина на МНР. На лице место сме и интервенираме, за да избегнеме поголема хаварија на коловозот. Ве молам за внимание !!! – напиша Шилегов вчера вечер на Фејсбук.

Ни оваа објава на Шилегов не остана незабележана од скопјани на социјалните мрежи. Во добар дел ја пофалија брзата интервенција на претпријатијата, но имаше и такви кои прашуваа што се случува со водоводните цефки?

-Пред извесно време имаше хаос пак заради водоводна цевка и сообраќајот се пренасочуваше кај Олимписки базен, еве сега пак кај МНР, што е со цевките, зарем не се веќе ни тие квалитетни или небезбедно се поставени?
-Како е можно денес да има волку чести дефекти од овој тип, а немало, на пример пред десетици години, дали урбаното дивеење си го зема данокот? – се само дел од коментарите на луѓето кои ја споделуваат информацијата на социјалните мрежи.

Што и да е причината за големите кварови, мора дав се открие и ризикот од нивно често повторување да се намали.

Претходна вестПочинале 21 пациент, новозаразени од вирусот се 444 лица
Следна вестРаспишан конкурсот за дизајн на постер „Здраво млади 2021“