И.Г. (30) од село Моштица, општина Македонска Каменица, вчера бил лишен од слобода откако при претрес во неговиот дом, полицијата пронашла огнено оружје и муниција. Арсеналот бил запленет а осомничениот задржан во полициска станица.
– Полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода И.Г.(30) во с.Моштица, општина Македонска Каменица, откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка „Умарех“ калибар 4,5 мм, метална цевка од ловечка пушка со должина од 35 см, метална цевка со должина од 55 см и кутија со 119 дијаболи, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.