Темно Режим Светло Режим

Путин: Иран не барал руска воена поддршка во конфликтот со Израел

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Иран досега не побарал воена помош од Русија во тековните тензии со Израел. На прес-конференција во Санкт Петербург, тој нагласи дека стратешкото партнерство меѓу двете земји не содржи одбранбени клаузули и дека иранската страна не се обратиле со такво барање.

Путин посочи и дека руските експерти продолжуваат со својата работа во првата нуклеарна електрана во иранскиот град Бушер, и покрај актуелната криза.

На новинарско прашање како Русија би реагирала во случај Израел да го нападне иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи, Путин избегна да даде директен коментар, напоменувајќи дека не би сакал ни да ја размислува таа можност. Од друга страна, ајатолахот Хамнеи ги одби повиците за попуштање од страна на САД и предупреди дека евентуална американска воена интервенција би имала сериозни последици по САД.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Без струја делови од Центар, Газа Баба, Сарај и Сопиште

Следниот Пост

Македонски државјанин ќе биде екстрадиран од Грција во Германија, бил баран со потерница за грабеж и убиство