Работник тешко повреден при поставување цевковод во скопско Булачани

Со тешки телесни повреди се здобил работник при поставување цевковод во село Булачани. Имено, се работи за 45-годишниот жител на скопското село Идризово С.Р. кој по несреќата веднаш бил пренесен во Градската општа болница во Скопје.

Од полицијата информираат дека извршиле увид на местото на настанот,а за инцидентот бил запознаен и Трудов Инспектор.

Се работи на расветлување на случајот.