Во Атина денеска во 16 часот, ќе се одигра првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп меѓу ГРК Охрид и домаќинот Олимпијакос.
Ракометарите на Охрид од вчера се во грчката престолнина, а капитенот Гоце Ојлески дека ги очекува тежок натпревар, бидејќи Олимпијакос е одлична екипа.
„Мислам дека ќе биде тешко, но ќе дадеме свој максимум за што подобар резултат. Го имаме и реваншот во Охрид, така што нема да биде утре сè решено. Ќе видиме. Мислам дека имаме и ние свои шанси, се подготвуваме максимално и ќе дадеме максимум за што подобар резултат, истакна Ојлевски.
Реванш натпреварот во Охрид ќе се одигра следната сабота на 4 април во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





