Темен режим Режим на светлина

Ракометарките ги добија противниците за пласман на ЕП 2024!

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против селекциите на Шпанија, Литванија и на Азербејџан во квалификациите за ЕВРО 2024. Македонија беше дел од вториот барабан при ждребот во Цирих и доби релативно поволна група.

Селекциите на Литванија и на Азербејџан не се дел од европскиот крем, а битката за првото место Македонија ќе ја води со фаворитот Шпанија.

Место на континенталниот собир ќе обезбедат прво и второпласираните од осумте квалификациски групи, како и четири најдобри третопласирани селекции.

Европското првенство во ракомет за жени во 2024 година ќе се одржи во три земји, Унгарија, Швајцарија и Австрија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пациент од Бардовци ранет со нож во тепачка со друг пациент

Следна објава

Градежник од Кавадарци загина на работното место