Женскиот ракометен тим на Македонија доживеа висок пораз со резултат 21-34 од Србија во првиот од двата пријателски натпревари кои се одржаа во Бор.
Во македонските редови, Катерина Дамјаноска беше најдобра стрелецка со шест гола.
Крпеж-Шлезак беше најефикасна за Србија со седум голови, а Драгана Цвијиќ постигна еден помалку.
Следниот пријателски натпревар меѓу двете репрезентации е закажан за сабота, на 8 март.