Расчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен

Лице осомничено дек аизвршило серија на кражби е приведено вчера во Радовиш, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 22.07.2024 во 20.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче.

Тој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа.

Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Спасов стекна бизнис од 10 милиони евра со СДС, дали затоа сега одработува за лажни вести
Следна вестНаскоро пред Влада нов предлог закон за пожарникарство