Распишан е конкурс за книжевни дела за тинејџерска возраст

Конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџерска возраст распишаа детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје. Можат да учествуваат ракописи во форма на роман, новела или збирка раскази, да имаат наративна форма, најмалку 50 страници, да бидат наменети за тинејџерска возраст, напишани на македонски јазик и досега да не биле објавувани.

– Особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, досетливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување. Целта на овој проект е креирање можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив – велат од детскиот културен центар „Карпош“.

Текстовите треба да бидат испратени електронски најдоцна до 10 април 2021 на следната е-адреса: [email protected], со назнака: За конкурсот за оригинално прозно дело за тинејџерска возраст. Кој ќе биде награден решава тричлена комисија која ќе додели само една награда а делото ќе биде објавено.

Претходна вестЖителите на Ѓорче Петров ќе протестираат, не сакаат да им насадат 17 нови згради
Следна вестВреме погодно за прошетки во природа, температура до 20 степени