Распишан конкурсот за истражувачки проект од областа на ликовната критика

Аика Македонија, здружението на ликовни критичари распиша конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика. Наградата е во висина од 30 илјади денари, а конкурсот е отворен до 2 јули.

Од здружението велат дека наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста.

Право за учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија, треба да се граѓани на Република Македонија или пак странски државјани кои живеат и работат на територијата на Република Македонија повеќе од една година.

Претходна вестЦентар ќе му даде 100 илијади денари на семејството на донаторката, центарци го критикуваат оти се фали со ова
Следна вестСо целосно вакцинирани 6% граѓани, Филипче го прашаа дали ќе донираме вакцини?!