Распишан референдум во Јужна Осетија за припојување кон Русија

Претседателот на грузискиот отцепен регион Јужна Осетија денес најави дека територијата ќе одржи референдум на 17 јули за тоа дали да стане дел од Русија, објави новинската агенција Тасс.

Москва ги призна Јужна Осетија и крајбрежниот регион Абхазија како независни по војната со Грузија во 2008 година. Таа обезбеди голема финансиска поддршка, понуди руско државјанство на нивното население и стационираше илјадници војници таму, потсетува Ројтерс.

Тас пишува дека претседателот Анатолиј Бибилов го објавил ова со декрет. Малиот претежно планински регион има население од околу 60.000 жители и граничи со Северна Осетија, која е дел од Русија.

Бибилов на 30 март рече дека Јужна Осетија во блиска иднина ќе преземе чекори за приклучување кон Русија, поради што Грузија ја осуди идејата за референдум како неприфатлива.

Како и во рускојазичниот регион Донбас во источна Украина, Москва го искористи признавањето на отцепените региони и доделувањето државјанства за да одржи вооружено присуство во областа на поранешниот Советски Сојуз што ја гледа како дел од нејзината природна сфера на влијание.

Претходна вестЧетири кривични пријави за за пожарот во модуларната болница во Тетово
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Нов долг од 100 милиони евра кој ќе го плаќаат граѓаните