Распукал асфалтот среде Скопје од времето на Југославија

Праќам поздрав до скопските градоначалници со оваа фотка. Овој поздрав, ни го испрати денеска скопјанката Ребека, за да го објавиме во рубриката „Фото Доказ“.
– Неасфалтирани улици и премини уште од времето на Југославија. Цели дупки на среде центар на Скопје. Не можеш да прошеташ со бебешка количка, додала под фотографијата Ребека.
Инаку, од она што може да се види и препознае, фотографијата е направена непосредно до ГТЦ и Триумфалната порта. Најверојатно таму каде што пред некоја недела замислуваа и почнаа да прават некаков си панорамски лифт за ГТЦ. Градските власти лифтот го откажаа поради критиките, ама ете не го видоа асфалтот. Ај може сега ќе го видат откако нашата читателка Ребека ги потсетува.
Почитувани,
Преку рубриката „ФОТО ДОКАЗ” можете да испратите пораки до скопските градоначалници за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: [email protected] Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а некои и на порталот skopskoeho.mk.