Распуст: „Мајкрософт“ останува опција, Националната платформа никој не ја спомнува

Учениците почнуваат со зимски распуст, од утре, 31 декември што ќе трае до 20 јануари. Онлајн учебната година почна со задоцнување, бидејќи уште на старт т.н. Национална платформа за учење на далечина крахираше на неколку дена пред најавениот почеток. И претходно се доцнеше оти не беше готова. Сепак, октомври беше месецот кога Владата одлучи дека мора да се почне преку опцијата „Мајкрософт тимс“, без разлика што немаше компјутери ниту интернет за секое дете.

И месеците потоа, слушавме стории за деца кои не успеаја да се интегрираат во онлајн наставата и практично ја загубија годината. Во меѓувреме, образовните власти не кажаа дали работат на Националната платформа, оти нели разбирливо, не можеме вечно да учиме преку „Мајкрософт“. Поминаа речиси 10 месеци и повторно никој не кажува до каде е националната платформа.

Зошто Националната платформа никој не ја споменува? Министерката Мила Царовска предновогодишно се појави на дел од медиумите. Но ниту збор за платформата, сега за други „успеси“ вергла (иако и за реформата што ја најавува има сериозни забелешки од скоро сите образовни институции во Македонија).

И координаторката за овој процес Александра Ружин од која се очекува да објасни што се случува не се појави ниеднаш откако годината почна. Нејзиниот последен медиумски настап е пред стартот, крајот на септември. Оттогаш молк.

Може сакаат да не изненадат и наеднаш се да почне да функционира…

Претходна вест17 починати и 498 новозаразени лица од вирусот
Следна вестОблачно со сончеви периоди и натпросечно топло