Разрешен началникот на ОВР Демир Хисар

212

Министерството за внатрешни работи информира дека Одделот за внатрешна контрола при МВР изврши проверка по објавено видео од претрес во Демир Хисар. Во текот на проверките е констатирано непрофесионално и неетично однесување на началник од ОВР Демир Хисар.

За наведеното лице е покрената дисциплинска постапка, а со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, началникот ќе биде разрешен од функцијата.

Министерството за внатрешни работи јасно го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата постои за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестБез струја делови од Општина Центар
Следна вестУбиство среде бел ден во Тетово