Темен режим Режим на светлина

Ребалансот на Буџетот најдоцна до 25 јуни ќе се најде во собраниска процедура

Гордана Димитриеска-Кочоска: Не постоела силна одлучност во имплементацијата на стратегиите за борба со сивата економија до сега Гордана Димитриеска-Кочоска: Не постоела силна одлучност во имплементацијата на стратегиите за борба со сивата економија до сега

Министерството за финансии интензивно работи на ребаланост на буџетот и во тек се разговорите и преговорите со останатите министерства, информираше денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Преговорите со министерствата се почнати од пред два дена. Ребалансот е во поготовка и како што рече можеби за две недели од денеска може да зборува посериозни бројки во ребалансот на буџетот.

-Ребалансот на буџетот треба да се најде најдоцна до 25 јуни во собраниска процедура, изјави Димитриеска Кочоска.

Прашана каде ќе се крати најмногу, Димитриеска Кочоска одговори дека токму сега преговараат со министерствата и не може во моментов да говори за овој аспект.

Во однос на проекциите на буџетот дали ќе ја задржат истата проекција, или ќе одат нагоре, или надолу, министерката Димитриеска Кочоска со одговор дека „нагоре нема да одиме“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Физичка пресметка со тврди предмети во Идризово по расправија во сообраќајот

Следна објава

Родителите на детенцето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники бараат испитување на лекарска грешка