Семафорот на булевар Србија упорно трепка жолто – тоа доволно е?

Семафорот на булеварот Србија, на местото што е едно од најцрните сообраќајни точки на скопските улици, уште трепка само жолто. Поставен е пред неполни два месеци, но безначајно оти, не е мала заштита за пешаците и возачите.
Овој семафор има своја „голгота“. Имено граѓаните со месеци бараа и чекаа од надлежните да го постават. Такво уверување добија откако точно на ова место, пред речиси десет месеци – во септември лани, загина 61-годишната жена а нејзионот сопруг и внука беа повредени. Осум месеци по трагедијата и по секојдневно молење во општините Скопје и Аеродром, семафор беше конечно поставен. Но никогаш не ги покажа зеленото и црвеното светло, ами засекогаш остана на жолто. Ако пак идеата е само со жолто да ги опоменува возачите, тогаш добро би било да има и други знаци покрај, но и на самиот коловоз кои ќе опоменуваат дека таму има пешачки премин. Има такви решенија на многу места во светот.
Пред да го постават, општинските власти најавија дека ќе биде што побрзо, за што немало никакви пречки. Но, излезе дека и во непречена процедура за тоа беа потребни цели осум месеци.
Сега нека се направи конечното решение за пократко време.