Речиси половина бебиња во Македонија се раѓаат со царски рез

Во Македонија има огромен пораст на бројот породувања со царски рез, укажа денеска проф. д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари. Тој зборуваше на Петтиот конгрес на гинеколози и опстетричари што се одржува во Охрид.

-Има и енормно зголемување на бројот на породувања во регионот, особено во земјава каде речиси половина од бебињата или 43 проценти, се раѓаат со царски рез.

– Тоа е оптеретување на здравствениот систем, бара опрема, кадар, анестезиолози, материјал,  а прашање е и за мајките дали носи бенефит затоа што компликациите од породувањето со царски рез носи далеку поголеми ризици…Она што ќе се анализира токму е регионалниот пристап, како секоја од државите се справува, дали оние препораки што ги даваат ОН, СЗО ги почитуваме како лекари, но и дали самите пациентки се доволно упатени за ризиците и предностите на породување по природен пат, рече Тофоски

Инаку, унапредување на женското здравје преку ширење нови знаења, промоција на истражувања, размена на искуства и практики се главните прашања на агендата на овој собир.

Проф. д-р Ана Данева – Маркова, продекан за специјализации и супспецијализации на Медицинскиот Факултет при УКИМ, истакна дека земјава се соочува со дефицит на кадар, со нагласок дека тоа е светски тренд, тренд што не можеме да го одбегнеме и ние како држава.

– Меѓутоа се работи, последните години варијаблите што кажуваат за здравјето на мајката и новоредените, покажуваат подобрување. Недостигот кадар се надополнува со мобилни екипи, а во однос нови кадри, бројот специјализации двојно се зголемени, рече Данева – Маркова.

Претходна вестНов ужас сторен од 13-годишен малолетник во Србија: Со секира и нож тешко повреди мајка и син
Следна вестТројца тешко повредени во сообраќајка на паркингот на скопскиот аеродром