Речиси секој трет казнет возач во Скопје бил пијан

Последниот ден од викендот очигледно ги преопушти скопските возачи. Тоа најдобро го потврдуваат и вчерашните полициски контроли во текот на кои се санкционирани повеќе возачи кои биле во алкохолизирана состојба.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 99 мерки меѓу кои имало и 28 за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 20 санкции и 11 мерки за возење без возачка дозвола. Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Претходна вестГЕРБ на Бојко Борисов победи на изборите во Бугарија со 25, 4 отсто, ќе има ли стабилна Влада?
Следна вестММДЧП финансира отворање на Македонски културен центар во Пиринска Македонија