Регистрирани 679 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Во последните 24 часа во Македонија направени се 1.537 тестови, а регистрирани се нови 679 случаи на КОВИД-19. Според информациите на министерството за здравство најмногу новозаразени се во: Скопје – 273, Битола – 59, Oхрид – 38, Кавадарци – 37, Куманово – 35, Гостивар – 30,  Тетово  – 28, Прилеп –  24, Кочани – 17, Струмица, Берово, Струга и Велес – по 13, Гевгелија– 12,Штип – 11, Неготино и Радовиш – по 10…
Од вкупниот број на позитивни (679), регистрирани се 130 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавено пријавено починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се  регистрирани  починати лица.
До сега во земјата се направени вкупно 2.130.248 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 332.667, бројот на оздравени пациенти е 318.890, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 4.379 лица.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      156848, Активни   1826
Куманово    17696, Активни    191
Битола      17183, Активни    287
Прилеп      15047, Активни    190
Тетово      14197, Активни    205…