Регистрирани 75 нови случаи на Ковид-19 и 2 починати лица

Од направени 745 тестови регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 52, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Гевгелија, Неготино и Берово – по 2, Битола, Тетово, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 23 реинфекции како и 94 оздравени пациенти.

-Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Кавадарци (84г), починати во период од 21.09 до 02.10 2022, лицата се починати во домашни услови, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.143, бројот на оздравени пациенти е 333.158, на починати е 9.539 а бројот на активни случаи изнесува 446.

Претходна вестРодителите му ги доверувале на чување трите деца, тој вршел обљуба врз најстарото дете
Следна вестВладата ќе плати за раскинувањето на договорите за седум мали хидроцентрали во Шар Планина